Исчезна Деле Али!

Некогашниот англиски репрезентативец Деле Али исчезна во Турција, објави тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш. Али настапува во Бешикташ, но тој не се појавил на последниот тренинг.

„Го бараме на мобилниот телефон и не може да го добиеме. Се обидуваме да воспоставиме контакт со него. Се надевам дека немал некаква несреќа и дека сѐ е во ред со него“, вели Ѓунеш.

Али беше репрезентативец на Англија во периодот од 2015 до 2019 година и имаше 37 настапи. Моментално е играч на Евертон, кој игра како позајмен играч во Бешикташ. Додека играше за Тотенхем, Али важеше за еден од најталентираните играчи не само во Англија туку во цела Европа, а цената на трансфер-пазарот му достигнуваше и до 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести