Исфрлени 21 од 30 фудбалери во У17 репрезентацијата на Камерун бидејќи лажеле за возраста

Фудбалската федерација на Камерун исфрли дури 21 од 30 фудбалери од репрезентацијата до 17 години бидејќи лажеле за својата возраст.

Младите фудбалери измамници, откако било откриено дека лажеле за возраста, веднаш биле отстранети од репрезентацијата и наскоро ќе бидат заменети со други играчи. Младата репрезентација на Камерун до 17 години се подготвува за настапот на Уницеф турнирот за млади африкански селекции.
На фудбалерите им било извршено МРИ тестирање со кое се испитуваат зглобовите и коските.

Овој потег доаѓа откако првиот човек на Федерацијата, Самуел Ето, вети дека ќе се стави крај на измамите со годините, нешто што е вообичаена пракса да африканските фудбалски федерации.

Со доаѓањето на Ето на чело на Фудбалската федерација на Камерун, веќе се откриени дури 44 фудбалери кои лажеле за возраста.

- Оглас -

Најнови вести