Иско нема да игра со Елче, жена му се породи

Шпанскиот плејмејкер Иско не се најде на листата на фудбалери кои се во комбинација за настап на вечерашниот натпревар на Реал Мадрид против Елче. Од Реал објавија дека 28-годишниот Иско стана татко по третпат и дека поради тоа не отпатува со летот од Мадрид до Аликанте.

Иско и сопругата Сара Саламо веќе имаа две деца, а третото, машко дојде на свет денеска, па затоа Иско беше ослободен. Отсуството на Иско и не е толку голем хендикеп за Кралскиот клуб. Тој сезонава беше стартер само трипати и во тие средби Реал најчесто губеше.

Договорот со Реал му истекува во 2022 година, се очекува налето да си замине, најверојатно во Севилја. Освен Иско и повредениот Родриго, сите други играчи на Реал се кандидати за настап против Елче.

- Оглас -

Најнови вести