Ислам Махачев со неверојатно шоу урна нов УФЦ рекорд

На првата голема приредба во 2025 година, УФЦ 311, која се одржа во „Интуит дом“ во Лос Анџелес, Ислам Махачев во последната минута од првата рунда успеа да го „задуши“ Ренато Мојкано и по четврти пат го одбрани појасот во лесна категорија, поставувајќи нов рекорд во УФЦ.

Првично, противник на дагестанскиот борец требаше да биде Арман Царукјан, но поради откажување, наместо него настапи Мојкано. Иако храбро влезе во мечот и отвори размена на удари, при што Махачев накратко се најде во потешкотии, борбата брзо се сврте во корист на шампионот. Махачев го собори противникот на подот, а кога овој се обиде да стане, го принуди на предавање со зафат.

Со оваа победа, Махачев го подобри својот професионален скор на 27-1, односно 16-1 во УФЦ, со низа од 15 последовни победи. Само една победа го дели од рекордот на Андерсон Силва, кој трае повеќе од една деценија. Махачев има за цел во текот на годината да го израмни, а можеби и да го надмине овој рекорд.

Вечерта беше обележана и со настапите на уште двајца дагестански борци, кои имаа американска публика против себе. Иако на крајот триумфираа, навивачите беа сведоци на првиот пораз во кариерата на Умар Нурмагомедов, братучед на Хабиб. Во борба, која беше прогласена за најдобра на вечерта, Грузиецот Мераб Двалишвили го победи Умар со едногласна одлука на судиите по три фантастични рунди исполнети со боречки вештини. За Двалишвили, ова беше 12-та последовна победа и 23-та во кариерата (23-4).

Третиот дагестански претставник, Тагир Уланбеков, исто така победи со едногласна одлука на судиите во првата борба на приредбата. Наградата за изведба на вечерта ја освои чешкиот борец Јиржи Прохазка, кој во третата рунда го нокаутира Џамахал Хил.

- Оглас -

Најнови вести