Исланд ја „преживеа“ одличната Холандија, нова доминантна партија на Полска

Репрезентацијата на Исланд потешко од очекувањата оствари победа над Холандија во рамките на второто коло од групата Б на ЕП во ракомет.

Исланѓаните, кои важеа за фаворити во групата, наидоа на тврд противник кој досега игра фантастично на ова ЕП.

Сигвалди Гудјонсон со осум голови беше најефикасниот ракометар кај победниците, додека со 13 голови неверојатен беше Каи Смитс од редовите на Холандија.

Исланд сега има максимални четири бодови и во последното коло ќе игра против домаќинот Унгарија, додека, пак Холандија за два дена ќе се соочи со Португалија.

Полска, пак, дојде до втората победа во досегашниот тек на ЕП и си обезбеди пласман во елиминациската фаза.

Тие предмалку беа убедливи против Белорусија со 29:20, а најефикасен ракометар беше Примислав Крајевски со седум погодоци. Во последното коло Полјаците ќе водат битка со Германците за првото место во групата Д, кое ќе донесе и полесен противник во елиминациите.

- Оглас -

Најнови вести