Иста финта, 22 години подоцна: Леброн пак го ископира Коби (видео)

Олстар-спектаклот во Чикаго беше потполно во знак на легендарниот Коби Брајант кој прерано го загуби животот. Целото шоу беше посветено на кошаркарската икона, а во негова чест Леброн Џејмс го предводеше тимот до победа против Јанис и дружината.

Духот на Коби се почувствува на теренот, играчите беа мотивирани да приредат фантастичен меч во кој сите ќе уживаат. Меѓу бројните магични потези не остана незабележан и дриблингот на Џејмс, кој го направи идентично како Брајант на своето деби на Олстар-викендот во 1998 година.

Задна промена со една рака и лесно положување, во овој случај Џејмс успеа и да забие.

- Оглас -

Најнови вести