Истанбулско дерби без шарм

Бешикташ – Истанбул Басакшехир (19ч – Турција, Суперлига, петто коло)

Бешикташ десеткуван ќе го пречека вицешампионот на „Водафон парк“. Тренерот Авчи нема да смета на искусниот капитен Јилмаз, Вида, Елнени, додека под знак прашалник е разигрувачот Озјакуп.  Отсуствата на клучните играчи може да биде голем проблем за Бешикташ, особено што нивната форма е прилично лоша по првите четири кола. И Бешикташ и Басакшехир имаат по една победа, реми и два порази и се наоѓаат на долниот дел од табелата во турскиот шампионат.

Затоа ова дерби ќе биде без претпознатлив шарм, но се очекува двете екипи да ја покажат ефикасноста од минатата сезона и овој меч да биде зачинет со голови. Минатиот четврток истанбулските екипи претрпеа дебакли во Лигата на Европа, Бешикташ прими 4 гола од Слован Братислава, Басакшехир го снајде иста судбина на гости кај Рома. Големи се шансите Бешикташ да ја оправда улогата на домаќин бидејќи денешните гости од 2010 година не забележале победа на „Водафон“, но ги добија три од последните пет меѓусебни средби.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.20)

 

Брага – Маритимо (20ч – Португалија, Примера, шесто коло)

Брага изминатиов четврток изненади во Лигата на Европа со гостинската победа кај Вулверхемптон, а во домашниот шампионат засега не им оди како што посакуваат. Само еден триумф од пет меча, во кои три се порази, значи дека Брага стои на граница од зоната за испаѓање. И Маритимо е во иста положба како и Брага – една победа и реми, три порази, учинок кој ги смести во долниот дел од табелата.

Иако е апсолутен фаворит според коефициентите, тимот на Брага има лоша ефикасност во лигата, просечно постигнува еден гол по натпревар. Во последните пет меѓусебни дуели од кои еден е пријателски меч, обично победувал домаќинот, а резултатите биле минимални или немало повеќе од два гола. Затоа треба да се сменат нештата, Брага мора да забие повеќе од еден гол на меч или ќе се мачи цела сезона и наместо да се бори за местата за излез во Европа, ќе се бори за опстанок.

Предлог тип: Т1 3-5 (2.85)

 

Волфсбург – Хофенхајм (20:30ч – Бундеслига, петто коло)

Бројните повреди на домашниот тим не треба да бидат пречка и по пет кола да останат непоразени, особено не против екипа која се мачи на стартот од сезоната. Хофенхајм го загуби талентираниот млад тренер Нагелсман, а со него си заминаа и добрите игри на составот.

Волфсбург на добар начин ја отвори сезоната, но сега веќе две кола во низа ремизираат против екипи кои се борат за опстанок. Затоа им е потребен позитивен исход против ранливиот Хофенхајм, инаку повеќе од две години ги немаат победено на домашен терен. Едно е сигурно, погодоци нема да недостасуваат бидејќи во последните пет меѓусебни дуели двете екипи постигнаа вкупно 17 гола.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.10)

 

Сиваспор – Трабзонспор (19ч – Турција, Суперлига, петто коло)

Сиваспор вечерва го пречекува тимот против кого има само една победа во последните 10 првенствени средби. Трабзон многу често знаел како да ги освои бодовите кога гостува во Сивас, така беше и последниот пат кога се сретнаа на почетокот од 2019 година.

И двете екипи се во лоша форма во пресрет на овој меч, а Сиваспорт може да прифитира од тоа што гостите играа во Лигата на Европа, па уморот може да придонесе за конечно Сиваспор да стави крај на црната серија.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Спортинг Лисабон – Фамаликао (Португалија, Примера, шесто коло)

Лавовите од Лисабон против едно од најпријатните изненадувања во португалскиот шампионат ќе бидат без главниот адут Бруно Фернандес. Затоа ќе биде тешко да се издвои позитивен резултат против Фамаликао, ако се знае дека гостите досега се непоразени, односно имаат четири победи и едно реми и се трети на табелата, веднаш зад Порто и Бенфика.

Спортинг веќе три меча не знае за победа, Боависта и Рио Аве им одзедоа четири бода, а ПСВ ги разочара на стартот од Лигата на Европа. Она што оди во нивен прилог е меѓусебниот учинок против Фамаликао. Имаат пет победи на исто толку средби во кои дозволиле само два гола во својата мрежа. Затоа Спортинг ќе ја продолжи низата и со победа ќе започне неговиот исчекор нагоре на табелата.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести