Басала Багајоко денеска влезе во историјата на шпанската кошаркарска лига бидејќи го урна рекордот на Рики Рубио како најмлад дебитант во лигата. Багајоко има само 14 години и 227 дена, играч е на Фуенлабрада, а дебито го имаше против Реал Мадрид. Талентот на Фуенлабрада брзо по влегувањето во игра го даде и својот прв кош во сенирска конкуренција, и тоа забивање.
Досега најмлад дебитант во Шпанија беше Рубио, кој заигра на возраст од 14 години и 359 дена.
https://twitter.com/i/status/1386363539015700481