Историја, Роналдо е светски рекордер

Кристијано Роналдо вечерва ќе испише историја во светскиот фудбал откако е потврдено дека ќе биде во првиот тим на Португалија на стартот од квалификациите за ЕП 2024 година.

Португалецот на дуелот против Линхтенштајн, по 197-ми пат ќе игра за својата репрезентација и ќе стане светски рекордер по бројот на настапи за националниот тим.

Роналдо досега одигра 196 натревари во дресот на Португалија, на кои постигна 118 гола.

Најголемиот успех со репрезентацијата му е триумфот на Европското првенство во 2016 година, а три години подоцна трумфира и во првото издание на Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести