Историја – вечерва за првпат во Лигата на Европа ќе суди една жена

Француската судијка Стефани Фрапар продолжува да испишува историја, овојпат во Лигата на Европа. Таа вечерва ќе биде главна судијка на мечот од групната фаза помеѓу англискиот Лестер и украинската Зорја Луганск.

На Фрапар вечерва ќе ѝ помагаат Сирил Муние и Бенжамен Паг.

Минатата година Фрапар стана прва жена која судеше едно европско финале во машка конкуренција, делеше правда на Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челзи. Таа е првата жена која има судено и двобој од француската Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести