Историја за Дибиров, но и негатива за Вардар во Сегедин (Видео)

Тимур Дибиров стана само четвртиот ракометар со илјада голови во Лигата на шампионите, а тоа му успеа вечерва во Сегедин, против ПИК Сегед.

Едно од најдобрите крила на сите времиња и долгогодишен член на Вардар во 17-тата минута успеа од пенал да го постигне јубилејниот гол и стигна до магичната граница од 1.000 голови.

Потоа Тимур постигна уште еден гол и со 1.001 погодок е во друштво на Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ како единствените четворица ракометари што ја минале илјадарката во Лигата на шампионите.

ПИК Сегед води со 17:15 и е поблиску до победа во седмото коло од А групата во Лигата на шампионите.

Вардар водеше само еднаш, и тоа на почетокот на мечот со 2:1, а сè потоа беше во знакот на Унгарците.

Домаќините во еден момент водеа и со четири гола разлика, 13:9, но, сепак, двојните европски прваци со серија од 4:0 израмнија на 13:13, потоа и на 14:14 и не дозволија ривалот да се одлепи на поголема разлика и најавија возбудливо второ полувреме.

Се разбрани Мартин Томовски, набрзина нанижа шест одбрани и е клучниот фактор за Вардар за враќање во игра во првото полувреме.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести