Македонскиот фудбалски бренд Вардар го доиживеа својот најголем дебакл во историјата.
Пласманот во втората фудбалска лига со црно ќе биде испишан кај Црвено-црните, а тоа треба да биде добар потсетник и за сите останати дека никој не е „недопирлив“.
Вардар е фудбалскиот бренд на нашата држава, сакале тоа да го признаете или не, и ги има направено најголемите успеси.
Само пред неколку години играше рамо до рамо со тимови како Реал Сосиедад, Зенит и Розенборг, а во квалификациите го елиминира турскиот великан Фенербахче.
Сега тие се далечни времиња и новото раководство на Вардар заедно со фудбалерите се борат да се вратат во Првата лига, во тоа засега оди тешко.
Во втората лига, Запад, великанот е на третото место со 29 бодови, додека на позицијата под број два е Воска Спорт со 32 бода.
Убедливо напред и сигурно чекори Силекс кон дирекно враќање во елитата и со 41 бод и ниту еден пораз делува навистина моќно.
Вардар и Воска Спорт ќе се борат за таа втора позиција, која носи дуел против второпласираниот од втората лига, Исток.