Историски меч на Диего Армандо Марадона: Двајца Македонци погодија на ист дуел во Серија А (Видео)

Наполи покажува дека има шампионски амбиции во Серија А, откако по 11 пат во низа победи. Тимот од југот на Италија, на свој терен се радуваше во дуелот против Удинезе и тоа со 3:2. По првите 15 кола, Наполи има дури 13 победи и тоа е само вториот тим во историјата на Серија А со ваков биланс. Претходно со 13 триумфи во првите 15 средби во првенството имал Јувентус и тоа дури четири пати (во 2018, 2013, 2005 и 1949 година).

Освен историската победа за Наполи, ова е историски меч и за македонскиот фудбал. Прв пат на еден дуел во Топ 5 лигите во Европа, на еден натпревар голови постигнаа двајца македонски репрезентативци.

Елиф Елмас погоди за Наполи кога зголеми на 3:0, а 20-тина минути подоцна гол за Удинезе постигна Илија Несторовски кој влезе како резерва кај гостите.

Уживајте во погодоците на македонските репрезентативци.

 

- Оглас -

Најнови вести