Историски настап за Нуркиќ, го собори рекордот на Феникс по бројот на скокови на еден натпревар (Видео)

Феникс санс го доживеа вториот пораз по ред во НБА-лигата, овојпат загуби од Оклахома сити тандер со 110:118, но натпреварот го одбележа центарот на Сонцата, Јусуф Нуркиќ, кој имаше настап каков што не е виден од 2010 година.

 

Нуркиќ го собори рекордот на Феникс по бројот на скокови на еден натпревар, центарот против Оклахома сити имаше дури 31 скок. Досегашниот рекорд на Феникс беше во сопственост на Пол Сајлас и Тајсон Чендлер, коишто имаа по 27 фатени топки под обрачите на еден натпревар.

 

https://youtu.be/A-zkrs3Y1qA?si=0Zi_T9yHI3OxRs9z

 

Вакво достигнување последен пат е видено во 2010 година, кога Кевин Лав исто така имаше 31 скок. Рекордот за најмногу скокови на еден натпревар е во сопственост на Вилт Чембрлен, кој во 1960 година во дуелот против Бостон селтикс имаше 55 скока.
Нуркиќ против Оклахома сити постигна и 14 поени. Кај Оклахома сити најдобар беше Шеј Гилџес-Александер со 34 поени и девет асистенции.

 

Њујорк никс ја преживеа повредата на Џејлен Бронсон, кој уште во првата минута мораше да го напушти паркетот и славеше над Кливленд со 107:98. Одлична партија прикажаа Џош Харт, кој имаше трипл-дабл од 13 поени, 19 скока и 10 асистенции и Дивинченцо со 28 поени.

 

Виктор Вембањама со 31 поен и 12 скока беше најзаслужен за победата на Сан Антонио над Индијана од 117:105 и стана првиот дебитант по Дејвид Робинсон и Тим Данкан, кој на еден меч имал дабл-дабл со повеќе од 30 поени и 10 скока.

Резултати: Орландо – Детроит 113:91, Торонто – Шарлот 111:106, Кливленд – Њујорк 98:107, Сан Антонио – Индијана 117:105, Феникс – Оклахома сити 110:118.

- Оглас -

Најнови вести