Историски прв златен медал за Филипини

Хидилин Дијас испиша историја на ОИ во Токио со освојувањето на првиот златен медал во историјата на Филипините.

Кревачката на тегови во драматичното финале крена 127 килограми, поставувајќи олимписки рекорд во својата категорија, а со вкупен резултат од 224 килограми, еден повеќе од кинеската претставничка Лијао, стигна до историското злато.

https://twitter.com/Tokyo2020/status/1419680167014793217

Дијас стана национална херојка со историскиот успех, за што ќе биде наградена со 660.000 долари од државата и ќе добие нов дом.

Нејзиниот триумф да биде уште посензационален, го прави приказната околу патот на Дијас до Токио. Таа изминатите седум месеци ги помина заглавена во Малезија поради ковид-ресктрикциите, далеку од своето семејство, каде што се подготвуваше за својот настап, што се покажа како извор на енергија за огромниот триумф до првото злато за Филипини.

- Оглас -

Најнови вести