Историски триумф за Аѕурите на стартот на ЕП (видео)

Со убедлив триумф на Италија од 3-0 против Турција е отворено Европското првенство. Во премиерниот меч се испиша историја со автоголот на Демирал, кој е прв автогол со кој се отвора едно континентално натпреварување. Воедно, втор историски момент беше фактот што Аѕурите за првпат во нивната историја постигнаа три гола на еден меч од ЕП.

Сосема заслужено тимот на Роберто Манчини ги освои трите бода на стартот од турнирот, доминирајќи во целиот тек на натпреварот. Првото полувреме немаше многу возбудувања, освен одличната интервенција на Чакир во 23-тата минута по ударот со глава на Кјелини. 

Во ист ритам Италијанците продолжија во вториот дел, па за брзо се скрши мразот токму со споменатиот автогол на Демирал во 53-тата минута. Веќе 13 минути подоцна Имобиле искористи одбиената топка да ја смести зад грбот на Чакир, кој делуваше како најрасположен играч од турскиот состав, но неговото неточно додавање доведе до нов гол на Италија, кој го реализира Инсиње поставувајќи ги конечните 3-0.

- Оглас -

Најнови вести