Италија и Белгија максимални, не се плашат од меѓусебно четвртфинале

Репрезентациите на Италија и Белгија се првите два сигурни осминафиналисти на Европското првенство, а овие селекции би можеле да играат една против друга во евентуално четвртфинале.

За да гледаме меч Белгија – Италија во четвртфиналето, треба овие селекции да бидат први во своите групи, и да го минат осминафиналето во кое Италија треба да игра со второпласираниот од групата во која е Македонија, а Белгија ќе игра со една од третопласираните. Победникот од тоа четвртфинале помеѓу Италија и Белгија, потоа би имал можно пеколно полуфинале со Франција која важи за прв фаворит за титулата.

За Белгија и Италија можеби подобро би било да бидат втори во својата група, бидејќи така би имале полесен пат до финалето, но за радост на публиката, засега решија да не калкулираат, туку да си ја гледаат само својата работа.

- Оглас -

Најнови вести