Италија одигра одличен меч и со 2:1 ја победи Белгија во дербито на четвртфиналната рунда на Европското првенство. Сите голови беа постигнати во првото полувреме, иако и во вториот дел беше возбудливо и со многу шанси, но без ниту еден погодок.
Од белата точка погоди Ромелу Лукаку, кој потоа беше и голем трагичар во второто полувреме.
Промаши две чисти шанси за израмнување, па и за пресврт, а Белгија, која постојано е фаворит на големите натпреварувања во последно време, повторно остана без шанса за трофеј.
Италија ќе игра ново дерби на ЕП, против Шпанија, во меч за пласман во големото финале на „Вембли“ во Лондон што ќе се игра на 13. јули. Класикот меѓу Аѕурите и Црвената фурија ќе се игра на 6. јули.