Италија нема да загуби, но можеби нема ни да победи

6202 Турција – Италија (21.00 часот)

Честа да го отворат ЕП ја добија овие две селекции кои се фаворити на хартија во групата А, во која се уште и Швајцарија и Велс. Италија секогаш е во кругот на кандидати за титула, има неверојатна серија без пораз и ќе сака на свој терен (може да има 23.000 гледачи) со победа да го отвори првенството. Турците имаат неколку поединци кои сезонава се во фантастична форма и ќе бидат голема закана за секој противник, па и за Аѕурите. Италија нема пораз уште од септември 2018 година, а на последните осум меча не примиле гол. Овие две селекции 15 години не играле една против друга.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.30)

 

1601 Дери сити – Бохемијанс (20.45 часот)

Ова е интересен меч од ирската лига бидејќи статистички станува збор за две многу различни екипи. Боемите ретко кога ремизираат, а Дери сити има пет нерешени во досегашните 14 кола. Бохемијанс е на три позиции пред Дери, има гол-разлика плус 8, Дери има -4, но разликата помеѓу нив е само три бода, па домашните ако победат, би се изедначиле. Бохемијанс има четири победи во последните пет кола, но Дери загуби само еднаш во последните 10 кола. Дери сити дома нема победа во 2021 година.

Предлог тип: 2 (2.23) СУПЕР ТИП

 

5727 Кувајт – Јордан (21.00 часот)

Клучен натпревар во групата Б од азиските квалификации за СП 2022. Во нивната група доминантна е Австралија, а Кувајт и Јордан се борат за второто место, кое може да ги однесе во следната фаза, иако засега вториот Јордан не е меѓу четирите најдобри второпласирани од осумте групи. Кувајт ако победи, може да биде втор и да остане со шанси за пласман на СП, а од друга страна, Јордан со три бода би бил во добра позиција да го продолжи патот кон Мундијалот.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.89)

 

5722 Хонг Конг – Ирак (18.30 часот)

Гостите се големи фаворити и со победа може и да си го обезбедат првото место во групата ако Иран не победи. Хонг Конг не е селекција која тешко дека може да им направи проблем на Ирачаните. Мечот се игра на неутрален терен во Бахреин. Ирак речиси две години нема пораз, а во првиот меѓусебен дуел од овој циклус, кој се играше уште во 2019 година, дома го победија Хонг Конг со 2-0.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.47)

 

8101 Виртус Болоња – Армани Милано (20.45 часот)

Тимот од Болоња е неочекувано убедлив во оваа финална серија, води со 3-0 и ако победи и вечерва, ќе ја освои титулата првак на Италија во кошарка. Откако не влезе во финалето на Евролигата, тимот од Милано како да е во голем психолошки пад и иако има силен состав предводен од тренерот Еторе Месина, тешко дека може да направи чудо и да ја освои титулата во првенството. Завчера во „Пала Доца“, Манекените беа разбиени со 76-58, а Теодосиќ и другарите овојпат би се задоволиле со каква било победа, најважно е да се крене трофејот.

Предлог тип: 1 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести