Италија продолжува офазивно – Имобиле, Берарди и Инсиње ќе бидат задолжени за голови против Австрија

Италија продолжува офанзивно и во осминафиналето, а Роберто Манчини одлучи да игра со формација 4-3-3 и со напаѓачите Чиро Имобиле, Доменико Берарди и Лоренцо Инсиње против Австрија во второто осминафинале на ЕП што ќе се игра вечерва на „Вембли“ во Лондон.

Аѕурите се уште немаат примено гол на ЕП, имаат три победи и гол-разлика 7:0, а се без пораз на неверојатни 30 меча по ред. И вечерва се фаворити против Австрија, селекција која беше во нашата група и која за првпат игра во нокаут фазата на Европските првенства.

Франко Фода, селекторот на Австријците одлучи да игра со само еден класичен напаѓач, со Марко Арнаутовиќ во обид да се приреди сензација и да се елиминираат забревтаните Аѕури.

Состави:

Италија: Донарума – Ди Лоренцо, Бинучи, Ачерби, Спинацола – Барела, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле, Инсиње.

Австрија: Бахман – Лајнер, Драговиќ, Хинтерегер, Алаба – Шлагер, Грилич – Лајмер, Сабицер, Баумгартнер – Арнаутовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести