Италија заборави што е пораз, серијата им трае 13 години

Италија сигурно чекори кон пласман на Европското првенство следната година и со триумфот против Ерменија од 3:1 има пет од пет, со 15 бодови на чело на табелата во групата Ј.

Со триумфот во Ереван само го подобрија уникатниот рекорд што го имаат со серијал од 13 години без пораз во квалификациски меч за ЕП.

За последен пат ги порази Франција со 3:1 на шести септември 2006 година и оттогаш почна неверојатната низа што сè уште е актуелна и најдолга во историјата на европскиот фудбал.
Италија има 29 победи и шест нерешени мечеви од поразот против Франција, а како што играат Аѕурите, тешко дека некоја од селекциите во групата Ј ќе им го сопре серијалот што трае веќе 13 години.

- Оглас -

Најнови вести