Италијанецот кој сите ги шокираше има американски корени, работи во полиција, а тренирал и фудбал

Италијанецот Марсел Ламонт Џејкобс е херојот на денот на Летните олимписки игри во Токио. Џејкобс е сензационален победник на најатрактивната атлетска трка, спринтот на 100 метри. Во финалето, Италијанецот ги изненади сите конкуренти и на крајот, со време од 9,80 секунди, постави нов европски рекорд, доволен да му донесе одлимписко злато.

Со оваа победа, Џејкобс го превема приматот од легендарниот Јусеин Болт кој победуваше на претходните три олимписки игри, а потоа се повлече.

Италијанците никогаш немале светски познати спринтери, но успехот на Џејкобс е благодарение на неговите американски корени. Тој е роден во Ел Пасо, град во американската сојузна држава Тексас. Овој град е познат по тоа што тука поминува реката Рио Гранде и е природна граница со Мексико, а во непосредна близина од спротивната страна е градот Куидад Хуарес познат по нарко босовите.

Родителите на Џејкобс се запознале во Винченца, со оглед на тоа дека татко му е американски маринец. По само 18 месеци откако Марсел се родил, неговиот татко бил повикан да оди на мисија во Јужна Кореја, а мајка му се вратила во Италија да живее сама. Татко му го немал видено со децении, се до минатата година.

Уште од раното детство, Џејкобс сакал да спортува. Тренирал пливање и фудбал, а потоа и кошарка, за да на крајот се приклучи во спортскиот центар каде ја засакал атлетиката. Првично започнал да се натпреварува во скок во далечина, а потоа се префрлил на спринтерските патеки.

Џејкобс работи како полицаец, а е татко на три деца. Од денеска, тој е и сензационалниот победник на патеката на 100 метри на ЛОИ во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести