Италијанската легенда: „Кристијано Роналдо не е ниту меѓу најдобрите во историјата“

Легендарниот италијански напаѓач Антонио Касано во гостување на ТВ-шоу даде скокотлив коментар околу Кристијано Роналдо. Тој не се согласува дека Португалецот е најдобриот фудбалер во историјата, иако има постигнато многу и освоено сè што може да се освои.

„Кристијано Роналдо не е ниту меѓу најдобрите во историјата. Дали тој има постигнато 800+ голови? Да. Дали има освоено титули? Да. Тој е добар фудбалер, но да играш добар фудбал е сосема различно. Зидан и Иниеста немаат дадено ниту половина од неговите голови, но тие беа беа генијалци на теренот“, рече Касано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести