35.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Италијанската Серија А оваа сезона ќе се игра и во Австралија!

Италијанската Серија А следниот викенд ќе означи старт на новата сезона, која може да биде историска од еден аспект. Од екипата на Милан информираат дека добиле дозвола, мечот против Комо од 24-тото коло да го играат надвор од Италија, и тоа во Перт, Австралија.

Ова би било историски момент, со оглед на фактот дека никогаш во историјата меч од Серија А не се играл надвор од Италија.

Овој натпревар е закажан за осми февруари 2026 година, што е само два дена по свеченото отворање на Зимските Олимписки игри, кое ќе се случи токму на „Сан Сиро“. За да не дојде до поклопување на двата настапи, од Милан побарале, а од Фудбалскиот сојуз одобриле одигрување на натпреварот надвор од Италија.

Секако, навивачите се незадоволни од ваквата одлука, која допрва треба да биде потврдена, и прашуваат колку чини одигрувањето на ваков меч во Австралија и кого воопшто во Перт го интересира меч помеѓу Милан и Комо.

Екипата од Милан пред нешто помалку од еден месец веќе гостуваше во главниот град на Западна Австралија и го победи Перт Глори со убедливи 9-0.

- Оглас -

Најнови вести