Италијанскиот доктор кој ја прими донацијата од еден милион евра од Ѓоковиќ, откри која била пораката од најдобриот тенисер

Новак Ѓоковиќ е еден од најекспонираните спортисти за време на пандемијата од Коронавирусот. Најдобриот тенисер во светот донираше многу пари во борбата против опасната болест. Последната донација Србинот ја направи за болниците во Италија кои се во епицентарот на жариштето, во Бергамо.

Паричната помош ја прими докторот Петер Асембергс, кој беше воодушевен од скромноста на Ѓоковиќ.

„Признавам дека бев во шок во тој момент. Кога ја добивме донацијата го запрашав Новак дали сака да објавиме дека донирал толку пари за болниците, а тој веднаш му одговори: „Искрено, мене воопшто не ми е важно дали ќе објавите или не. Не мора ни да се знае дека сум донирал, а не па да се спомнува сумата. Секако, ако верувате дека со објавувањето на таквата информација ќе се подигне свеста и кај останатите кои може да донираат, објавете и се надевам дека ќе се појават и други потенцијални донатори“, откри докторот Асембергс, за тоа како поминала средбата со светскиот рекет број 1.

Бергамо е градот кој го нарекоа европскиот Вухан, затоа што само таму има преку 65.000 заразени од Коронавирусот и над 12.000 починати. Донацијата на Ѓоковиќ сигурно е повеќе од добредојдена.

- Оглас -

Најнови вести