Навивачите на стадионите за време на СП 2026 ќе може да внесат вода, но под еден услов

Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи неочекуван пресврт и прекрши едно свое правило, откако дозволи навивачите кои ќе бидат на стадионите за време на Светското првенство да може да носат шише вода со себе. Оваа одлука на ФИФА дојде по неколкудневната дебата по контроверзната забрана да не смее да се внесе ниту вода на трибините, иако е јасно дека се очекуваат големи жештини и високи температури за време на Мундијалот.

По одлуката на ФИФА, секој навивач ќе има право со себе на стадионот да внесе по едно шише вода во мека анбалажа, за еднократна употреба. Оние шишиња со вода кои се за повеќекратна употреба остануваат забранети за внесување на стадионите и тоа најмногу поради безнедносни причини.

Најмногу влијание за промена на одлуката на ФИФА сепак да дозволи користење на вода на мечевите од СП 2026 е податокот дека на дури 93 отсто од средбите се очекува натпреварите да се играат на температури поголеми од 28 Целзиусеви степени.

Минатата година за време на Светското клупско првенство во САД, ФИФА имаше слична забрана за вниесување на шишиња со вода, а навивачите кои беа на трибините за да се освежат додека трае мечот мораа да плаќаат меѓу 4 и 6 долари за едно шише вода.

- Оглас -

Најнови вести