Италијанскиот првак наиде на проблеми, најдобриот во Серија А бара многу за да потпише нов договор

Преговорите меѓу Милан и Рафаел Леао наидоа на пречка, откако наводно агентот на португалскиот офанзивец бара многу повисока плата од онаа што управата веќе ја понуди за продолжување на договорот.

Имено, најдобриот фудбалер во Серија А за минатата сезона треба да заработува најмалку 7 милиони евра, а не 4,5 милиони колку што понудија Росонерите. Интересот за Леао е огромен и поради тоа актуелниот шампион се обидува да го врзе со долгогодишен договор на „Сан Сиро“, бидејќи Лео моментално заработува 1,4 милиони евра по сезона и е сигурен во Милано уште две години.

Летово се шпекулираше дека на адреса на Милан ќе стигне понуда висока и до 100 милиони евра токму за услугите на Леао, но тоа не се случи, а е доволна причина за 23-годишниот напаѓач засега да одбива продолжување на соработката.

- Оглас -

Најнови вести