Италијанците не го забораваат поразот од Македонија: Имавме 32 шута, 16 корнери, но…

Новинарот на најпознатиот италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“, Фабио Ликари, пред баражите за Светско првенство во фудбал ги анализираше шансите на Аѕурите и не заборави да го спомне поразот од Македонија во истата оваа фаза пред четири години во Палермо.

Италија во 2014 година последен пат играше на Мундијал. Идината недела има полуфинале од баражот со Северна Ирска, а ако мине, следува финале со Велс или Босна и Херцеговина.

„Не сме веќе супер тим, но не сме ни просечни. Ние сме несигурни и исплашени. Во споредба со претходните колапси, сега ситуацијата е поинаква. Во 2017 со Шведска, селекторот Вентура ги испушти конците. Пет години подоцна со Македонија, беше обратно, имавме преголема самодоверба, уште пред да го поминеме полуфиналето, мислевме на финалето со Португалија. Тоа беше психолошка, а не техничка или тактичка грешка. Имавме 32 шута, 32 контакти со топката во противничкиот 16-ник, имавме 16 корнери. Апсурдна статистика. Таа вечер ни покажа дека и неверојатни работи може да се случат. Сега сигурно не сме толку арогантни“, анализира новинарот Ликари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести