Италијанците во шок, Синер го откажа настапот на Мастерсот во Рим

Повредата на колкот го спречи тенисерот Јаник Синер да настапи на Мастерсот во Рим, и тоа е големо разочарување за него и за италијанската публика.

Светскиот рекет број 2 се повреди на турнирот во Мадрид, и мора да го прескокне домашниот Мастерс, за да биде спремен за Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“, кој почнува на 26-ти мај.

„Не е лесно да се напише оваа порака, но откако повторно разговарав со лекарите и специјалистите за моите проблеми со зглобот на колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да играм во Рим. Многу сум тажен бидејќи ова е еден од моите омилени турнири. Со нетрпение чекав да се вратам и да играм дома пред италијанската публика“, објави Синер на социјалните мрежи. 

Отсуството на Синер е втора голема загуба за организаторите откако беа принудени да го проголтаат и повлекувањето на треторангираниот на АТП листата, Карлос Алкараз.

- Оглас -

Најнови вести