Иван Класниќ води животна борба, не би го препознале

Легендарниот хрватски фудбалер Иван Класниќ (40) по повеќекратни трансплантации на бубрег, води нова борба бидејќи има вирус кој му го нападна коренот на косата и тој сега е оќелавен.

„Добар сум, среќен, сакам да доживеам 100 години и да им бидам пример на моите деца. Нема да дозволам паѓањето на косата да ме обесхрабри, се надевам дека косата повторно ќе ми порасне“, рече борецот Класниќ за германските медиуми.

Класниќ во кариерата играше за Сент Паули, Вердер, Нант, Болтон и Мајнц, а вчера наполни 40 години. И покрај сите проблеми, тој продолжува да се бори и игра по некоја партија мал фудбал со своите пријатели.

- Оглас -

Најнови вести