Ивановиќ се врати во Премиер лигата

Бранислав Ивановиќ официјално се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со повратникот Вест Бромвич албион. Трикратниот англиски шампион и поранешен европски првак ќе игра под палката на хрватскиот стратег Славен Билиќ, каде што пристигна како слободен играч.

Ивановиќ по три години пауза, се врати на Островот откако девет сезони ги бранеше боите на Челзи. Со лондонскиот клуб, Србинот освои 10 трофеи, од кои три се титули во англискиот шампионат, како и трофејот во Лигата на шампионите во 2012 година.

Последно 36-годишниот дефанзивец играше во Русија, во редовите на Зенит, со кои освои две титули во првенството, како и еден куп.

- Оглас -

Најнови вести