Ивановски по ист рецепт победи уште еден Романец кој е подобро рангиран од него

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните игри на Челинџ турнирот во Романија. Ивановски се пласираше во четвртфиналето откако успеа да победи уште еден домашен играч.

Откако вчера успеа со пресврт да го победи тенисерот кој е во Топ 200 на АТП листата, сега по речиси идентиен рецепт, славеше и над Филип Кристијан Јиану со 2:1 во сетови.

Во првиот сет, Романецот кој е подобро рангиран од Ивановски, го доби првиот сет со 6:3, но потоа следуваше шоу на Македонецот. Во вториот сет, Калин беше подобар со 6:4, а во третиот сет, нашиот тенисер беше подобар со 6:3 и продолжува понатаму.

- Оглас -

Најнови вести