Ивановски повторно има средба со историјата, ривалот му е Шпанец кој досега не загубил сет

Калин Ивановски попладнево има шанса да стана прв Македонец кој стигнал до полуфинале на тениски гренслем, без разлика дали е тоа во сениорска или јуниорска конкуренција.

Калин на Вимблдон игра одлично, досега елиминира тројца противници, покажа дека не се плаши од никого, а денешна четвртфинална пречка му е Шпанецот Педро Роденас. Роденас има подобар рејтинг н АТП-листата од Калин, но Ивановски и против претходните ривали кои ги победи беше во улога на аутсајдер според рејтингот.

Роденас сите досегашни три меча на Вимблдон ги доби со по 2-0 во сетови, во ниту еден сет не му требаа седум добиени гејма за да го добие сетот и ќе биде сериозен тест за Македонецот.

Но, Калин со добра и атрактивна игра е хит на турнирот. Со продолжување на таквите изданија и верба со своите можности, тој може да триумфира и денеска.

- Оглас -

Најнови вести