Ивановски со нов подвиг: Во Белград урна национален рекорд!

Дарио Ивановски запиша одличен настап на Сениорското првенство на АСБ во Белград. Нашиот најдобар атлетичар постави нов државен рекорд во кралската дицсиплина на 1.500 метри.

Ивановски истрча 03.45.46, време кое му донесе рекорден број на поени во ИААФ, 1082. Ивановски така постави норма за учество на Европското првенство во сала, кое ќе се одржува во Торун, Полска, а воедно е на добар пат да обезбеди и учество на ЛОИ во Токио.

- Оглас -

Најнови вести