Изгледа интересно, за добитни Квоти на денот треба да се погрижат Лајпциг, Бешикташ и Барса (Фото)

Три натпревари со ист коефициент од 2.40, но и со различна комбинација од конечен тип со голови се денешната понуда во Квоти на денот на Sport Life.

Вкупниот коефициент е 13.82, а за добитен тикет треба да се погрижат фаворитите Бешикташ против Газијантеп, Лајпциг со Фрајбург и Барселона против Осасуна.

Првиот меч од понудата со три натпревари е од германското првенство, каде Лајпциг од 15.30 часот ќе се обиде да го урне проклетството на „Шварцвалд“ арена во Фрајбург.

Биковите имаат три порази по ред на гостински терен кај денешнуиот ривал, па време е за прекин на незгодната серија. Предлог типот за овој меч во Квоти на денот е двојка со 2-5 гола, или 2&2-5.

Од 17 часот во Турција Бешикташ ќе се обиде со победа против Газијантеп, да ја задржи предноста пред Галатасарај од меч повеќе за одигрување со ист број на бодови во битката за врвот на табелата.

„Црно-белите“ од Истанбул се големи фаворити и предлогот е да одиграте кец со по еден гол во првото и во второто полувреме, или 1&1+I&1+II.

Битка за шампионската круна бие и Барселона, па победата во Памлона против Осасуна, вечер од 21 часот е императив за Каталонците. Дуелите на овие две екипи се многу ефикасни во последно време и добар избор би бил играта со триумф на Барса и плус најмалку три гола на мечот, или 2&3+.

Трите натпревари од Квотите на денот можете да ги играте во најразлични комбинации со сите дуели од билтенот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести