Изјавата на Зидан дека многу скоро се враќа на клупа ги запали навивачите на Јувентус

Најавата на Зинедин Зидан дека е многу блиску до враќање во тренерската работа, ги засили нагаѓањата на чија клупа ќе седне славниот Зизу, кој е единствен тренер со три титули по ред во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека работата од соништата за Зидан е да биде француски селектор, но тоа не може да се случи пред Светското првенство, кое почнува за неполн месец. Во Реал Мадрид има стабилен тренер, па тоа не е опција, а Зидан, кој е роден во Марсеј, не сака многу да биде тренер на париски ПСЖ.

Останува да изненади со изборот или да почека да се испразни местото во националниот тим на Франција по евентуален кикс на Мундијалот.

Како опција постои и Јувентус. Изјавата на Зидан дека е многу блиску до враќање на клупа ги разгоре желбите на фановите на Старата дама кои не го сакаат Масимилијано Алегри и посакуваат тренер како Зидан да го преземе тимот. Зидан од 1996 до 2001 година играше за Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести