Излегувајте побрзо или ќе ве тепаме: Лудо дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај (видео)

Дербијата меѓу Фенербахче и Галатасарај никогаш не разочаруваат, дали тоа било од фудбалски или боксерски аспект. Вистинска војна се води на тревата, летаат картони на сите страни, а головите само го зачинуваат веќе возбудливата пресметка.

Денеска актуелниот турски првак славеше на „Шукру Сарачоглу“ со 3-1, а последните десетина минути беа доста драматични. Првиот инцидент се случи при замена на гостите, Белханда споро се движеше кон клупата, па Туруч му напомена да побрза при излегувањето. Двајцата се си разменија и по некој подгрден збор, па Туруч сакаше и физички да се пресмета при што настана мешаница пред клупата на Галатасарај.

И двајцата заработија црвени картони, а слична ситуација се случи и во самиот финиш. Набрзо по голот на Онјекуру во шестата минута од судиското надополнување, Фегули беше следниот кој требаше да го напушти теренот, но и нему не му се брзаше. Во тој момент почаа да летааат предмети од трибините, а следуваше нова мешаница и турканица.

- Оглас -

Најнови вести