Измамник на годината: Измислил дека игра за Јувентус и му верувале

Еден Мексиканец решил да се обиде да се претстави како голем фудбалер кој игра за Јувентус и за кратко време тоа му успеало. На социјалната мрежа Инстаграм, Дионицио Фарид изрежирал дека е фудбалер на италијанскиот гигант. Тој се претставил како дел од младинската селекција на „старата дама“ за играчи до 20 години.

Самиот Дионицио измислил приказна како скаути на Јувентус го забележале неговиот талент на турнир во САД и го повикале да биде дел од У-20 составот. За да биде неговата приказна уште поуверлива, тој постирал слики од тренинзите на младинскиот тим на Јувентус. Се изгледало реално благодарение на фото-шоп, со кој успевал неговиот лик да го стави на телото на некој од вистинските фудбалери, па така изгледало како тој да е на тренинг.

Во оваа приказна поверувале дури и дел од мексиканските новинари, па Дионицио давал и интервју за тоа како е да се игра за Јувентус. Сепак, како и на секоја лага и на оваа „нозете и останале кратки“. Целата измама била откриена, откако од Јувентус официјално соопштиле дека немаат играч со такво име, но и дека во сите селекции на клубот немаа воопшто ниту еден Мексиканец.

Откако сфатил дека неговата измама е откриена, Дионицио го блокирал својот профил на Инстаграм, каде за кратко време успеал да собере 16.000 фанови и следачи. Желбата да се биде фудбалер на Јувентус со помош на измама му успеала на овој Мексиканец, но и таа „фудбалска кариера“ му траела кратко.

- Оглас -

Најнови вести