Измерено колку му фалеше на Тотенхем за да победи против Вoтфорд

Дека технологијата сепак има и позитивна примена во фудбалот се потврди вчера на мечот Вотфорд – Тотенхем. Се играше судиското надополнување, кога гостите се најдоа во шанса, Ламела шутираше, а топката влезе во голот. Сепак, топката не влезе со целиот свој обем преку гол линијата, затоа што во последен момент успеа да интервенира Игнасио Пусето.

Прецизната технологија измерила дека топката со цел обем не влегла во голот за 10,04 милиметри, односно нешто повеќе од еден сантиметар. Токму за тој еден сантиметар, Тотенхем остана пократок за два бода плус од гостувањето кај Вотфорд, но никој од лондонскиот тим немаше забелешки, ниту пак се будеше дека судијата требало да досуди погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести