Кикс на Вотфорд против Тотенхем, но милиметри спречија победа на Мурињо

Вотфорд и Тотенхем одиграа премиерлигашки меч без голови, а многу пореално беше средбата да заврши 1-1. За Тотенхем заврши серијата од дури 93 лигашки меча по ред без резултат 0-0.

Вотфорд кој со новиот тренер Најџел Пирсон е најдобар тим во Премиерлигата после Ливерпул и Манчестер сити, полека се извлекува од зоната на испаѓање, но не успеа да ја извојува четвртата победа по ред. Најубавата шанса Стршените ја имаа кога требаше да изведат пенал но Трој Дини шутна слабо. Дини утна три од неговите последни шест пенали.

Во финишот, Ламела можеше да му донесе победа на Тотенхем, но после шутот, топката за малку не ја мина гол-линијата.

- Оглас -

Најнови вести