Големата надеж на шпанскиот фудбал, Габри Веига, својата кариера ќе ја продолжи во Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Долго се шпекулираше дека Наполи е сериозно заинтересиран за неговите услуги, сепак, до таков трансфер нема да дојде.
Селта Виго инсистираше да го продаде, дури се споменуваше опција да го откупи Реал Мадрид, а потоа да го врати на позајмица во Селта, но понудата на Ал-Ахли е она што го чекаа од клубот.
Детали од договорот помеѓу Селта и Ал-Ахли не се откриваат бидејќи преговорите се водени во тајност. Вредноста на младиот фудбалер според „Трансфермаркет“ е 30 милиони евра, па веројатно и обесштетувањето кое ќе го добие клубот од Виго ќе биде толку.