Изненадување: Ловрен си оди од Зенит, се враќа во клубот во кој мина три сезони!

Според француски „Л екип“, хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен наскоро ќе стане играч на Лион, клубот чии бои ги бранеше од 2010 до 2013 година, и имаше над 100 настапи во сите натпреварувања.

Ловрен веќе ги минал лекарските прегледи, па останува само потписот и официјализирање на трансферот. Договорот на Ловрен со Зенит му беше до јуни, но рускиот клуб се изјасни дека би го продал Хрватот во јануари, макар и за симболична сума.

- Оглас -

Најнови вести