Изненадување: Нејмар доби италијанско државјанство

Крилниот напаѓач на Сантос и на бразилската репрезентација, Нејмар, денеска доби италијанско државјанство, објави ексклузивно познатиот новинар Николо Скира.

„Од денеска Нејмар официјално е италијански државјанин. Тој доби италијанско државјанство, делумно, благодарение на поддршката од адвокатската канцеларија на Емилијано Нити“, напиша Скира на социјалните мрежи.

Нејмар, кој има 34 години, се најде на широкиот список на Бразил за Светското првенство 2026 година и нема право да игра за Италија или која било друга селекција освен за Бразил, па веројатно целта му е со земањето на италијанско државјанство да се обиде да направи трансфер во италијански или друг европски клуб и таму да игра како домашен, без да влијае на ограничените места во секој тим за фудбалери кои не се од Европа.

- Оглас -

Најнови вести