Бекам стана првиот британски спортист милијардер

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер, според листата на „Сандеј тајмс“ за 2026 година.

Заедничкото богатство на 51-годишниот Дејвид и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти, што ги прави втори меѓу спортските личности, веднаш зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун. Лани Бекамови „тежеле“ 500 милиони фунти, а годинава повеќе од двојно се збогатиле. 

Бекам, кој е поранешен играч на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ и Милан, сега е косопственик на Интер Мајами и амбасадор на брендови како што се „Адидас“ и „Хуго Бос“, додека Викторија, која првично се прослави како членка на своевремено ултрапопуларната музичка група „Спајс грлс“, го стекна своето богатство преку модната индустрија.

- Оглас -

Најнови вести