Драмата во борбата за титулата во Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер сити доаѓа до кулминација. Сè е во рацете на тимот од Лондон, кој веќе во вторник може да стане нов шампион, но ќе видиме…
Сити патува во Борнмут, додека Арсенал еден ден порано го пречекува Барнли.
Според англиски медиуми, а тоа го потврди и самиот менаџер на Граѓаните, Пеп Гвардиола, Шпанецот им ветил луксузни часовници „ролекс“ на играчите на Барнли ако го победат Арсенал в понеделник од 21 часот.
Иако Барнли веќе е испаднат од лигата, Сити верува дека би можеле да ги мотивирааат и да му ја искомплицираат ситуацијата на Арсенал во трката за титулата. Гвардиола на секакви начини се обидува дополнително да влијае на психолошката војна на крајот од првенството.
„Да, ако Барнли го победи Арсенал, на секој играч ќе му купам по еден ‘ролекс’. Тие се испаднати, но ќе играат тотално слободно, без страв и може да бидат опасни. Им порачувам да играат со висок интензитет, да се борат за секоја топка и да ја направат вечерта тешка за Арсенал. Ако направат нешто специјално, заслужуваат специјална награда. Во фудбалот, мотивацијата доаѓа во многу форми, некогаш и часовник може да смени сè“, рече Гвардиола.

