Известување: На Вембли нема да се готви лазањи!

Светот е во страв поради пандемијата со коронавирусот кој секојдневно одзема човечки животи и се зголемува бројот на заразени. Настанат е глобален хаос и речиси ништо не функционира, а последици секако трпи и спортот.

Клубови од различни сфери се обидуваат на било каков начин да помогнат во борбата против вирусот Ковид-19, во главно тоа се парични донации, а на сличен начин поединечно придонесуваат и најпознатите атлети. Во Англија веќе има случаи каде што клуб, односно поранешни фудбалери ги отвораат своите приватни бизнисни, конкретно хотелите, да бидат достапни за медицинскиот персонал кој е мобилизиран и на терен во ризични подрачја.

Од ваквите хумани гестови еден жител на Лондон по име Били Меклин, одлучи да се шегува со своите пријатели. Преку мобилната апликација „Whatsapp“ , Били испратил аудио порака на група од 30 негови пријатели со кои игра фудбал рекреативно, дека на стадионот „Вембли“ ќе се готви најголемата порција лазањи, а идејата била на министерот за одбрана на Британија, Бен Волас.

„Братот на момчето од мојата сестра работи за министерот за одбрана и ни откри како Владата раководи за време на кризниот период. Додека ја снимам оваа порака, на „Вембли“ се организира масовно готвење на лазањи. Целта е да се зготви доволно за сите жители“, гласи пораката на Били, кој подоцна откри дека сакал да докаже колку лесно се шират дезинформации во ваков критичен период.

Неточната информација за неколку часа вирално се проширила, а стигнала и до таборот на англиската фудбалска асоцијација, која според медиумите реагирала и им соопштила дека такво нешто нема да се случи.

- Оглас -

Најнови вести