Ја навредуваа жена му, па Џејми Варди претрча цел терен за да прослави точно пред нив (Видео)

Ѕвездата на Лестер, Џејми Варди, денеска со гол од пенал им донесе минимална победа на Лисиците против Бристол сити во натпревар од англискиот Чемпионшип, а прославата на голот му беше легендарна и за неа ќе се зборува долго.

Над 3.000 навивачи на Бристол во текот на мечот ја навредуваа сопругата на Варди, Ребека, нарекувајќи ја шпиун и полициски доушник, поради судскиот случај со Колин Руни.

Откако прецизно го изведе ударот од белата точка, Варди истрча околу 100 метри на другата страна од теренот и застана пред трибината каде што беа фановите на Бристол, прославувајќи го голот пред нив, и со тоа им се одмазди за провокативните скандирања. Прославата на Варди може да ја видите ТУКА.

https://twitter.com/i/status/1705644406810755177

- Оглас -

Најнови вести