Ја одби Македонија за да настапува за Словенија и сега не го играат

Дејан Трајковски ја одбра земјата во која е роден, Словенија за настапи во фудбалската репрезентација, иако пред неколку години имаше понуда да игра за Македонија, од каде е по потекло.

И оттогаш речиси и да не го повикуваат во селекцијата на Словенија, која ја одбра пред Македонија, па одигра само еден меч.

Под команда на Сречко Катанец играше против Сан Марино во 2016 година, што му е единствен настап за Словенците. Има 27 години, игра на позицијата лев бек и моментно е член на унгарскиот прволигаш Пушкаш Академија.

„Имав понуда од Македонија, да играм за земјата каде е роден мојот татко, но кога стаса понудата од Сречко Катанец да играм за Словенија, воопшто не се двоумев. Секако дека и Македонија ми е симпатична, но навивам за Словенија, Ако ги добиеме следните два меча со нив во Скопје и со Австрија одиме на Европско првенство“, вели Трајковски.

Вечерва ќе се бие голема битка за многу важни бодови меѓу Македонија и Словенија во Скопје од 20.45 часот, а победата значи останување во трка за една од двете први позиции во Г групата што водат на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести