Ја освоија Серија А па ќе добијат нови газди – Милан се „збратимува“ со Ливерпул

Екипата на Милан во наредните недели ќе добие нови сопственици. Според информациите од Италија, новиот првак на Серија А ќе биде продаден за некаде околу милијарда и 200 милиони евра, а нов сопственик ќе биде „Ред Бирд“, компанија која што е минорен сопственик во Ливерпул.

Сегашниот сопственик, американскиот инвестициски фонд, Елиот го купи клубот за 550 милиони евра, и тоа во 2015 година, што се испостави навистина одлична зделка.

Успеаа да го вратат клубот на старите патеки, да ја освојат титулата во Италија, и да имаат навистина убава заработка. Сето ова значи дека Милан ќе се „збратими“ со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести