Пејачот и манекен, Шќепан Кнежевиќ, се сретнал со Новак Ѓоковиќ во еден ноќен клуб во Белград, и за српските медиуми откри еден интересен детал од нивниот разговор.
Најуспешниот тенисер на сите времиња е во Белград каде се рехабилитира од повреда и собира сили за претстојниот гренслем турнир „Ролан Гарос“ во Париз. Таму ќе има прилика да ја освои рекордата 25-та титула на четирите најголеми турнири на светот.
„Чест ми беше да го запознаам и да поразгварам со Новак на разни теми. Тој е скромна личност, но кога е во прашање спортот, нема скромност. Му велам дека мора да освои барем уште еден гренслем, а тој ми одговори: Зошто еден, шест!“, откри Кнежевиќ.

